(Видео) Стојаноска: Заев преку Ковачевски се обидува да направи мост за тивок премин и премолчување на неговите kpиминали

t

Шеста година по ред започнуваме со истата мантра, истите ветувања, истите луѓе. А исти се, дури и надградени, четирите кризи, но и задолжувањата и криминалите. Сега истите луѓе ќе ги гласаат истите политики- пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната собраниска седница за избор на нова Влада.

Стојановска рече дека Заев се обидува преку Ковачевски да направи мост за тивок премин и премолчување на неговите криминали, но сепак тоа нема да му успее затоа што ќе дојде судот на народот и департизираните судски институции.

Ковачевски многупати изјави јавно дека тој не е политичар, туку дека е експерт. Токму овој момент мене ми дава за право да се посомневам во тоа дека ковачевски е човек од збор и дека ќе води своја политика како премиер, дека ќе е свој во изборот на тимот и во ставовите. Да изјавуваш дека не си политичар пред само неколку месеци, а денес да си претседател на политичка партија и октроиран за мандатар е навистина огромна сличност со Зоран Заев или пример за тоа како некој може да се понижи до толку за да Заев биде неговиот патрон, покровител, па дури и Бог на кој му се поклонува- рече пратеничката Стојановска.

„Еден универзитетски професор, да и се поклони на главата на мафијата во државава, да му се поклони на еден човек кој бегал од часови на училиште и едвај завршил факултет, еден ваков универзитетски професор може да биде само еден лош пример и срам за сите останати негови колеги“, дополни Стојаноска.

За предложените имиња во новата влада Стојановски истакна дека се доказ дека СДСМ навистина нема избор и иднина во која треба да се верува и на која треба да и се даде шанса, по кој знае кој пат.

„Македонија и нејзините граѓани се преморени од давање шанси, Македонија и нејзините граѓани сакаат луѓе со кредибилитет и без ниту еден направен криминал до сега. Доста ни е од криминалци и манипулатори, нема ниту време ниту место за трета шанса за заевизмот и неговите старо – нови ликови. Заев во ликот и делото на Ковачевски нема да трае долго, но долго ќе траат последиците од нивните шанси, едно е да ја украдете шансата а сосема друго е да ја заслужите. Оваа украдена шанса скапо ќе ве чини на следните избори, кај и да е ќе ве стаса како резултатите така и одговорноста, бегање нема“, заклучи Стојаноска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мицкоски нема да формира влада по…

Дури и да победи ВМРО-ДПМНЕ на следните…

Шокантна информација од Груби: Работиме на тоа…

Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа…

Маричиќ ја кани опозицијата да учествува во…

„Во наредните денови ќе објавиме кои имиња…

Не ги вработувале од партија, затоа младите…

Во Франција деновиве има големи протести поради…

(Фото) Социјалните мрежи вријат – Мицкоски изгуби…

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и раководството на…