Објавено на:

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа: Верижен судир на повеќе од 100 возила во САД

t

Верижен судир за време на снежно невреме, во кој учествуваа повеќе од 100 автомобили, затвори дел од меѓудржавниот автопат во американската сојузна држава Илиноис, соопшти локалната полиција.


Дел од автопатот 39 во близина на Ел Пасо, Илиноис, беше затворен по неколку несреќи што започнаа во четвртокот попладне по локално време, објави ABC7.
Засега не е познато дали има повредени.

Автопатот ќе биде затворен 12 часа меѓу градовите Нормал и Минок, објави државната полиција на Илиноис на Твитер.
Според видеото што го направил по несреќата, возачот на камионот Дејвид Тросер се излизгал од патот при верижен судир, а на видеото се гледаат бројни автомобили, камиони и приколки со трактор расфрлани на патот.

Луѓето се бореа да ги ослободат своите возила од снегот, а целата задна страна на една лимузина беше откорната, јави Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп од Тексас: Вратете ме во Белата…

Претседателските избори во САД во 2024 година…

Следната студена војна ќе биде меѓу САД…

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер смета…

Вучиќ ја продаде куќата: Америка ќе биде…

Србија успеа да го издржи притисокот од…

(Видео) Хорор во Мисисипи: Бајден прогласи вонредна…

По разорното торнадо што го погоди југот…

САД ги преминаа сите граници на пристојност

Соединетите Американски Држави, во обид да воспостават…