(Видео) Филипче: Додека власта го блокира европскиот пат половина ВМРО е со бугарски пасоши
„Додека го блокира европскиот пат, половина ВМРО, вклучително и најблиски соработници на премиерот имаат бугарски пасоши. Е тоа е нивниот лажен патриотизам. Наводно го бранат идентитетот, а приватно земаат бугарски, европски пасоши“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција.
Филипче нагласи дека премиерот се обидува да ја негира реалноста и критиките кои доаѓаат од Европа, но фактите се јасни, посочуавјќи ги изјавите на европратеникот и известувач за Македонија, Томас Вајц.
„Вајц експлицитно вели дека не гледа сериозна посветеност на Владата за реформите, особено во владеење на правото, со директна оценка дека ‘во последната година не видовме никаков напредок во однос на евроинтеграцијата, ниту пак во делот на реформите. Известувачот Вајц јасно и недвосмислено ја критикува оваа власт поради блокирањето на европскиот пат на Македонија“, рече Филипче.
Тој додаде дека наместо да ја прифати критиката, премиерот продолжува со политики кои ја туркаат државата во изолација.
„Додека регионот оди напред кон ЕУ, ние тапкаме во место. Црна Гора е на чекор до членство, а веднаш по неа следува Албанија. Се поставува прашањето кој губи? Губат македонските граѓани, губи државата.“, рече Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Филипче: Додека власта го блокира европскиот…
„Додека го блокира европскиот пат, половина ВМРО,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да намали со печурките, нивните…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира на како што велат,…
СДСМ: Снемува пари во Буџетот, дефицитот за…
Последните официјални податоци покажуваат сериозна и загрижувачка…
Огњеновиќ: Власта одбива закон против двојно државјанство…
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар…
Мицкоски вели дека извештајот за Македонија е…
Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање,…