Огњеновиќ: Власта одбива закон против двојно државјанство кај функционерите бидејќи имаат бугарски пасоши
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања кон владејачката партија, тврдејќи дека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го усвои предлог-законот со кој би се забранило двојно државјанство за пратеници, министри и други носители на извршната власт.
Според Огњеновиќ, причината за ваквиот став на власта е наводната распространетост на бугарски пасоши меѓу високите функционери на партијата. Тој обвини дека додека јавно се промовираат како „бранители на македонскиот идентитет“ и ги блокираат европските процеси, приватно многумина од нив се обезбедиле со бугарско државјанство за себе и за своите семејства.
„Додека шират пропаганда и лажен патриотизам, земјата ја водат луѓе со бугарски пасоши. Нивниот ‘нов пристап’ кон ЕУ е едноставен: Земи бугарски пасош за најблиските и еве ти Европа“, изјави Огњеновиќ.
На прес-конференцијата, претставникот на СДСМ се осврна и на евроинтеграцискиот пат на земјата, истакнувајќи дека додека Албанија и Црна Гора напредуваат кон ЕУ со конкретни рокови, Македонија е во застој. Огњеновиќ предупреди дека оваа ситуација придонесува за масовно иселување на младите, кои, според него, не гледаат иднина во државата.
СДСМ побара законот за забрана на двојно државјанство за функционери да се усвои веднаш и да важи за сите актуелни пратеници и министри, без исклучок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…
СДСМ нема да биде алиби на власта…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…
Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…
СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…
Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…
Савески да постапи по кривичните пријави од…
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…