Мицкоски вели дека извештајот за Македонија е спротивен од изјавите на Вајц

t

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, денеска коментираше дека неговите информации за оценките во извештајот од евроизвестувачот Томас Вајц за реформите во Македонија се спротивни од изнесеното на Вајц во интервју за бугарски медиум.

„Не знам кој извештај сте го читале од известувачот Вајц. Напротив, јас тој извештај што го слушав е комплетен антипод од вашите прашања“, рече Мицкоски.

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во интервју за „Еуроњуз Бугарија“ вели дека земјата и граѓаните би можеле да ја пропуштат клучната можност за напредок кон Европската Унија, доколку Владата не го искористи актуелниот моментум за ЕУ-интеграции. Тој повтори дека уставните измени остануваат услов без кој преговорите со ЕУ не можат да продолжат.

„Постојат одредени позитивни чекори, како акцискиот план за прашањата на малцинствата, но Владата мора да ги спроведе реформите. Во спротивно, не можеме да влеземе во вистински преговори. Во последната година не видовме никаков напредок, ниту реформи. Не станува збор само за започнување преговори, туку и за реформската агенда и планот за раст. Доколку земјата не ги спроведе потребните реформи, средствата, вклучително и 47 милиони евра, ќе бидат пренасочени кон соседните земји“, предупреди Вајц.

Во однос на можноста за членство, Вајц оцени дека Македонија сè уште има шанса да се приклучи заедно со Албанија и Црна Гора во текот на овој мандат на Европскиот парламент, доколку сериозно се обврзе на реформите.

„За жал, во моментов не гледам доволна политичка волја, особено во делот на владеењето на правото и независноста на судството. Но, нема да се откажам, мојата улога е да поддржам и да помогнам регионот да напредува“, порачува Вајц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија не побара помош од ЕУ за…

Србија не го активирала Механизмот за цивилна…

Euronews: Брисел е заинтересиран да ги следи…

Европската комисија можеби тивко ги следи неидентификуваните…

Нови санкции од ЕУ за Русија на…

Европската Унија планира значително да ги прошири…

Ердоган: Членството во ЕУ повеќе не е…

Египет може да се приклучи на новопотпишаниот…

ЕУ од суфицит премина во дефицит, трговскиот…

Европската унија го заврши првото полугодие од…