(Видео) ХЕРОЈ! Судијата Радески му спаси живот на фудбалер во Македонија!
Голема трагедија била избегната на вчерашниот меч од Третат лига помеѓу Речица и Доброште, откако судијата Дарко Радески му го спасил животот на еден од домашните фудбалери.
Инцидентот се случил кога на статот од второто полувреме дефанзивецот на Речица по удирање на топката со глава незгодно паднал на тревата и останал да лежи. Неговата ситуација веднаш беше проценета како опасна од делителот на правдата, кој со спринт стигна до повредениот и веднаш го стави на страна. Радески веднаш му го извадил јазикот на несреќникот со цел да спречи гушење, со што речиси сигурно со спасил од трагичен епилог.
„Фала му на Господ што навремено забележав дека фудбалерот ја загуби свеста и што бев во негова близина за да му помогнам“, изјави судијата Радески на Мнет телевизија.
Фудбалерот на Речица сега е во добра здравствена состојба. Средбата, инаку, заврши со минимална победа на гостите од Доброште (1-0).
https://www.facebook.com/watch/?ref=embed_video&v=1022606792895784
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Америка со последните избори направи голем…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека…
Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата…
Пред 85 години првпат е изведена песната…
На денешен ден, 8 ноември, пред точно…
Нови случаи на семејно насилство: закани со…
Маж се заканувал со дрвен предмет на…
Митровден бил домашната слава на светите Кирил…
Силен, воинствен, неустрашив генерал му требало на…