(Видео) Ципрас се враќа на грчката политичка сцена со нова партија
Со видео со броевите 26 и 5 поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, најави враќање во активната политика со формирање нова партија.
Според „Прототема“, официјалното претставување е закажано за 26 мај.
„Ниту прерано ниту предоцна, сега е време“, порача поранешниот грчки премиер под видеото.
На снимката се појавуваат две момчиња на фудбалски терен со дресови со броевите „26“ и „5“. Тоа симболично го најавува датумот на промоцијата.
Поддржувачите го повикувале да се врати
Грчките медиуми пишуваат дека во изминатите денови на социјалните мрежи биле објавувани видеа од негови поддржувачи кои барале Ципрас повторно да се активира политички.
Во пораките се велело дека „во март било прерано“, а дека „во септември ќе биде предоцна“.
Проблем за ПАСОК и Сириза?
Според грчките медиуми, новото позиционирање на Ципрас дополнително ги комплицира односите во опозицискиот блок.
Некои анкети покажуваат дека Ципрас има поголема поддршка од лидерот на ПАСОК, Никос Андрулакис.
Постојат и проценки дека неговата нова партија би можела да го престигне ПАСОК.
Се појавува и ново политичко движење
Во фокусот на грчката јавност е и политичкото активирање на Марија Каристијану, поранешната претседателка на Здружението на семејствата на жртвите од железничката несреќа во Темпа.
Таа оваа недела во Солун ќе ја претстави основачката декларација на својата партија.
Според анкетите, Каристијану привлекува гласачи од различни политички ориентации, како и млади кои традиционално не излегуваат на избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ципрас се враќа на грчката политичка…
Со видео со броевите 26 и 5…
За од јануари 2027 година одложено правилото…
Од 1. јануари 2027 година ќе важи…
Речиси 87 отсто од нафтените деривати ги…
Околу 87% од нафтените деривати минатата година…
ВРЕДИ: Нашето обединување ја испраќа старата политика…
ВРЕДИ изразува разбирање за паниката во ДУИ,…
Грчки државјанин од крузерот со хантавирусот ќе…
Со специјален лет на авион на военото…