Речиси 87 отсто од нафтените деривати ги увезуваме од Грција, потрошувачката за една година се зголемила за над 8 проценти

t

Околу 87% од нафтените деривати минатата година биле увезени од Грција, покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година.

Во извештајот се наведува дека за 8,34% е зголемена потрошувачката на бензините во текот на изминатата година во споредба со 2024 година.

За истиот период, раст на потрошувачката е регистриран и кај дизелот (5,17%), екстра лесното масло (2,23%) и кај течниот нафтен гас – ТНГ(3,55%), додека пад во потрошувачката има кај млазното гориво за (-53,29%), мазутот (-1,12%) и кај потрошувачката на биодизел (-2,52%).

Продажбата на нафтени деривати на домашниот пазар за една година е зголемена за 4,88%. Во структурата на потрошувачката најголем удел има дизел горивото со 74,16%, по што следуваат безоловните бензини со 11,74%, мазутот со 6,61% и течниот нафтен гас со 5,22%.

Извештајот, исто така, покажува дека скоро 87% од нафтените деривати во текот на минатата година биле увезени од Грција, над 9% од Бугарија, 2,07% од Албанија, и 1,45% од Србија.

– Во 2025 година го завршивме повторното лиценцирање на големите нафтени компании, што во пракса значи дека во следните 10 години се обезбедени предуслови за непречено снабдување со нафтени деривати – вели Ацо Ристов, претседател на РКЕ.

Во извештајот се наведува дека потрошувачката на природниот гас останува стабилна. Податоците покажуваат дека ТЕ-ТО и трите топлани се најголеми потрошувачи (85%), втори се индустриските потрошувачи (13%), додека потрошувачките кои се приклучени на системите за дистрибуција на природен гас се со најмал удел (2%).

Осум трговци вршеле увоз на природен гас во текот на изминатата година, што претставува зголемување на конкурентноста.

Во 2025 година „Енерџи Еколинк“ АД Скопје (поранешна Топлана Скопје Север) се стекна со две лиценци од кои едната е за производство, а втората за снабдување со топлинска енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…