ВРЕДИ: Нашето обединување ја испраќа старата политика во историјата и отвора нова епоха на реална еднаквост за Албанците
ВРЕДИ изразува разбирање за паниката во ДУИ, која произлегува од новата политичка реалност. На 9 мај се потврди спротивното од она што се пропагираше две години: ВРЕДИ не само што не се распадна, туку се обедини во единствен политички субјект. Пет партии во заедничка структура претставуваат историско достигнување и нова, поконсолидирана политичка сила.
Во овој контекст, и обидите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за обединување на партиите од таканаречената коалиција НАИ во единствен политички субјект, пропаднаа уште на самиот почеток, соочени со јасно одбивање од неговите политички партнери. Тоа е уште еден показател за внатрешната криза во овој блок.
Од една страна е ВРЕДИ, со јасна визија за реформи и развој; од друга страна е ДУИ, нереформирана и оптоварена со скандали. Оваа спротивставеност меѓу новото и старото ќе го одреди правецот на политичкото претставување на Албанците.
Централната точка на ВРЕДИ е Албанецот во Македонија: достоинствен, еднаков и институционално силен. Нашата заложба е за реална застапеност во сите институции и еднаквост што ќе се чувствува во пракса, а не само на хартија.
ВРЕДИ ќе обезбеди правата на Албанците да не бидат симболични или предмет на дневно-политички пазарења. Државата ќе преземе мерки за целосна примена на јазикот, правичната застапеност и еднаков пристап во секоја институција, со што ќе се гарантира праведен и функционален систем за сите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…
Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…
ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од морбидните пораки, институциите…
ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека е згрозена од,…
СДСМ: Во Чаир законите не важат
Изјава, на Кети Штерјова-Советничката од СДСМ во…
Тројца функционери на Вреди биле задржани на…
Тројца функционери на партијата Вреди, координаторот на…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен да тргува со…
Филипче е подготвен да тргува со македонскиот…