Објавено на:

(Видео) Чиста Околина се враќа на сцената: Во првата трака од камбекот со поздрав до Денко Малески

t

Чиста околина — македонска рап-група, една од првите претставници на овој музички правец во Македонија.

Популарноста на групата продолжила да расте по одржаниот самостоен концерт во 1997 година. Во 2000 година, групата повторно го издала својот деби-албум, но овојпат во форма на компакт-диск, во издание на продукциската куќа „Литиум рекордс“. Во 2001 година, на третото издание на фестивалот „Таксират“, „Чиста околина“ го одржале својот последен концерт. Оттогаш, групата се појавила на сцената само двапати како гости на концертите на групата „Ласт експедишн“, одржани во рамките на фестивалот „Скрим“ и на „Пиволенд“, изведувајќи ја својата најпозната песна „Кељав дабар“.


По долг период на неактивност, „Чиста околина“ се вратиле на сцената со концерт на на главната вечер на 14. издание на фестивалот „Таксират“ (на 8 декември 2012 година, во „Метрополис арената“). За потребите на концертот, групата ја сочинувале четворица членови: Ицко, Виџи, Јане и Самоил царот.[1] Исто така, групата настапила и на завршната вечер на 18. издание на „Таксират“, одржана на 10 декември 2016 година, во „Метрополис арената“.

А сега имаат нова песна со специјален поздрав до Денко Малески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ЕЖЕЊЕ: Јапонецот Кутецу со нова македонска…

Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу деновиве објави…

(Видео) „Добро утро, добар ден, денот да…

Инзвонредниот талент кој ја негува македонската традиционална…

„Circles“ ќе се пее во Торино! Андреа…

Во вчерашното издание на емисијата „Стисни Плеј“…