Уредничката на МРТ2, Мерита Гаши најверојатно ќе биде разрешена по скандалот со песната за „Голема Албанија“
Програмскиот совет на јавниот сервис МРТ му наложи на генералниот директор Марјан Цветковски да покрене дисциплинска постапка, со цел да се утврди одговорноста за емитувањето на спорната песна за „Голема Албанија“. Според Советот, содржината поттикнува меѓуетничка омраза и содржи територијални претензии кон Македонија и соседните земји.
„Програмскиот совет на МРТ заклучи дека со емитувањето на содржината на МРТВ2, е констатирано прекршување на посебните забрани од член 48 од Закон за АВМУ. Програмскиот совет го задолжува директорот на МРТ согласно законските надлежности да преземе соодветни активности и мерки за утврдување на одговорноста во врска со констатираното прекршување“, се вели во заклучокот на Програмскиот совет на МРТВ.
Директорот на МРТ, Марјан Цветковски, засега не открива кои ќе бидат следните чекори. На новинарско прашање изјавил дека постапката е во тек и дека јавноста ќе биде информирана по нејзиното завршување.
Според неофицијални информации до кои дошол „Фокус“, можно е од функцијата да биде разрешена одговорната уредничка на МТВ2, Мерита Гаши, иако во моментот на емитувањето била на боледување. Сепак, засега не е утврдено дали таа ја креирала програмската шема и дали ја одобрила спорната содржина.
– Постапката треба да покаже кај кого е одговорноста и тој да ги сноси последиците, но истовремено укажавме и дека е потребно да се зајакнат механизмите за надзор на сѐ што се емитува преку етерот на МРТ за во иднина да не се случуваат вакви и какви било прекршувања – изјави за „Фокус“ претседателот на Програмскиот совет Давор Пашоски.
Скандалозната песна за „Голема Албанија“ беше емитувана на 28 март во програмата на МТВ2, во рамки на детска фестивалска емисија, што предизвика силни реакции во јавноста. Настапот го изведе 13-годишно девојче со песната „Билбилите на Кораб“ („Trojet shqiptare“), облечено во маичка со мапа на „Голема Албанија“, која опфаќа делови од Македонија, Србија и Грција. Стиховите повикуваат на „обединување под едно знаме, зашто сме еден народ, еден сон, една цел“.
По реакциите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе вонреден надзор и утврди прекршување на член 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од страна на МРТ, односно МРТ2.
„Надзорот покажа дека спротивно на член 48 став 2 од ЗААВМУ, емитуваната содржина на МРТ2, во рамки на музичката програма „Фестивал на детска песна – Билбилите на Кораб“, поттикнува и шири нетрпеливост врз основа на национална и етничка припадност преку иредентистички симболи и експлицитни политички пораки за промовирање на моноетнички, иредентистички „аманет“ за обединување на територии“ – се вели во заклучокот на Извештајот на ААВМУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уредничката на МРТ2, Мерита Гаши најверојатно ќе…
Програмскиот совет на јавниот сервис МРТ му…
Странските посетители на Албанија потрошиле 5,7 милијарди…
Странските посетители на Албанија потрошиле 5,7 милијарди…
(Видео) Молотови коктели и водни топови на…
Антивладин протест во Тирана прерасна во тензична…
Албанија го прогласи за спонзор на тероризмот
Албанскиот парламент денеска ја усвои нацрт-резолуцијата, предложена…
Корупциски скандал ја тресе Албанија: Тројца поранешни…
Специјалното обвинителство во Албанија ќе поднесе обвиненија…