(Видео) Јакимовски: За Бугарија треба да се примени шок терапија – “урбаната мафија” ја спаси Комерцијална банка од бугарски раце

Во Тешки муабети се зборуваше за колумна на бугарски новинар која беше објавена на Инфомакс .
Александар Митовски повтори дека во колумната авторот бара Македонија да се обедини со Бугарија, односно повторно да биде окупирана.
На ова Јакимовски одговори дека тоа не е ништо ново и се реализира преку договорот за добрососедство со Буагрија:
“Они бразаат да им направиме железница и автопат за полесно да ги пренесат тенковите навака. Толку ли сме глупави ние? Ај да ги прашам овие од Европа, која земја попречи друга земја да влезе во ЕУ затоа што нема направено автопат? Еве сега кредит ќе земаме за да им направиме на Бугарите автопат. Бугарите сакаат да го прошират влијаниетпо во Македонија, сакаат да купат банка, за среќа урбаната мафија со својот капитал ја спасија Комерцијална банка, а отиде ли Комерцијална банка во бугарски раце да знаете дека немаме македонско стопанство.
Јасна е целта само човекот брза, рано го кажува тоа.” – вели Јакимовски.
“Договорот за добрососедтво, кажа и Божидар Димитров, дека е победа за Бугарија и доколку се оствари Македонија ќе биде втора бугарска држава.” – дополни Александар Митовски, исто така кажа дека власта вели дека се ова е во главите на вмровците.
“Да во мојата глава е, моите се отселиле и јаделе ќотек од бугарски стапови. Тие што не јаделе не знаат. Ние од животните се разликуваме по тоа што не ни е храната најбитна, имаме потреба и од култура, од образ. Ако имаме водство како што треба треба д аидеме кон Бугарите со ок терапија, ова нивно занесување, знае ли народот дека на секои 15 дена ново барање ни пуштаат? И дека МНР ги крие барањата? Британија излезе од ЕУ, зошто со не а не потпишеме посебен договор за соработна?” – прашува Јакимовски.