(Видео) 18 повредени и најмалку 5 загинати во гранатирањето на Одеса – починало тримесечно бебе

Русија изврши ракетен напад врз јужниот пристанишен град Одеса, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Меѓу загинатите има и тримесечно бебе, објави на Телеграм Андриј Јермак. Повредени се 18 лица, додаде тој.
Украинските власти, исто така, соопштија дека ракетите погодиле воен објект и две станбени згради во градот.
На фотографиите се гледа дека ракетата паднала среде повеќекатна станбена зграда во која останала огромна дупка.
„Единствената цел на руските ракетни напади врз Одеса е терор“, оцени украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. „Русија мора да биде означена како држава која спонзорира тероризам и соодветно да се третира. Без бизнис, без контакти, без културни проекти. Потребен ни е ѕид меѓу цивилизацијата и варварите кои со проектили гаѓаат мирни градови“, напиша на Твитер украинскиот министер.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Опасна реклама од министерството за одбрана…
„Ќе се вратиме во Киев“, вели војникот.…
Масoвен напад на Одеса
Украинската војска утринава соопшти дека руските сили…
Руски напад на Одеса рано утринава!
Рано утринава Русија изврши трииполчасовен напад со…
Првпат по руската инвазија отворени неколку плажи…
Неколку плажи во украинскиот црноморски град Одеса…
Русија: Ние не ја нападнавме катедралата “Преображение”…
Информациите што ги дистрибуираше режимот во Киев…