(Видео) Cpaмота е луѓе – Димитров се пoжaли: Heма да ме зamoлчaт, останувам да се бopaм зa македонската кayза – сакале да го пратат во Вашингтон

t

„Договорот од Преспа со Грција е историски успех на кој сум посебно горд бидејќи тој ни ги отвори вратите на НАТО. Сликата за нас во светот е светлина на надеж на Балканот“, рече на денешната прес конференција вицепремиерот за Европски прашања во замунување, Никола Димитров.

„Преспанскиот договор на кои работев од 2003 година е Договор што ја дефинираше Македонија географски, го потврди процесот на самоопределување на македонскиот народ и го тргна привремениот назив БЈРМ. Затоа членството во НАТО е директен резултат на Договорот од Преспа. Преспа беше можна затоа што Грција прифати кои сме и каков јазик зборуваме е само наша работа“, рече Димитров.

Тој е дециден дека неговите ставови околу преговорите со Бугарија, кои како што вели во многу наврати биле спротивни на ставовите на неговите владини колеги, биле причина зошто тој не се најде во новиот владин состав. Дополнително, Димитров обвинува дека партијата на власт, му понудила да замине како амбасадор на Северна Македонија во Вашингтон, само за, како што вели, да го замолчат. Призна дека нема доверба во актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи.

„ Демантирам дека самиот сум се повлекол, тоа не е точно бидејќи јас не сум човек што се повлекува од битки, сметам дека позициите што ги застапувам во процесот на преговори со Бугарија се битни и важно е да се одржат. Заедно со фатктот дека за моите позиции немаше простор во новата Влада не ме изненади понудата да бидам амбасадор во Вашингтон. Тоа не само што ќе ме тргнеше од дома туку ќе ми го врзеше зборот. Токму овој обид да ме тргнат од дома го прави мојот обид да останам уште поголем. Јас ветувам дека ќе пропдолжам да се борам против било кое лошо решение, а ќе поддржам европско и добро решение“, рече Димитров.

Поддршката што Македонија ја има од сите земји членки на ЕУ во однос на преговорите со Софија, според него говори за цврстите заложби и резултати кои ги правел како политичар во изминатите години.

„Моите позиции во Владата во однос на колегите беа различни на многу теми, од приодот и мерките против пандемијата, преку ставовите за легализација на дивоградбите, медиумуските политики итн“, вели Димитров.

Во однос на тоа на кој политичар од владината гарнитура му сметале ставовите на вицепремиерот Димитров, тој вели оти тоа прашање веројатно треба да му биде поставено на новиот мандатар, или како што рече „уште повеќе на претходниот“.

Димитров демантираше дека подготвува формирање на нова политичка партија.

„Деновиве постојано добивам прашања и од вас новинарите ‘Дали ќе направите партија’? Мене не ми е важна формата, организацијата и фукнкцијата, важна е битката, заложбата и принципите. Но, тоа што сигурно ни треба е отворање на еден непријатен разговор за вистински промени на самиот систем. Јас ви ветувам дека ќе најдам начин тој разговор да го отворам и за тие промени ќе се борам“, додаде тој.

Димитров вели дека Секретаријатот под негова палка направил големи чекори, меѓу кои ги спомена ажурирање на Националната програма на правото на ЕУ, европско законодавство на македонски јазик, како и 240 милиони евра во проекти за кои Брисел допрва ќе објави.

Бонус видео:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонец на докторски студии по физика во…

Кавадарчанецот Илија Николов, кој е на докторски…

Директорката на американската тајна служба: Неуспехот при…

Неуспехот да го обезбеди поранешниот американски претседател…

Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за…

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на…

Кој е наследникот на Ескобар? Александар Касанов…

Стејт департментот објави дека новиот заменик-помошник секретар…

Александар Касанов го наследи Габриел Ескобар на…

Александар Касанов е избран за заменик помошник…