Висок раст на кинескиот извоз во јануари и февруари

t

Кинескиот извоз нагло се забрза во првите два месеци од тековната година, покажаа официјалните податоци во четвртокот.

Извозот долго време служеше како клучен двигател на економскиот раст на земјата, обезбедувајќи огромни вработувања во производствениот сектор. Во јануари и февруари заедно извозот е зголемен за 7,1 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Генералната управа на царината, пренесува Франс прес.

Прогнозите на аналитичарите беа значително пониски, околу 1,9 отсто во истражувањето на Блумберг. Огромниот раст на извозот делумно се припишува на ниската основа во јануари и февруари минатата година, кога Кина ги укина мерките за нулта толеранција против Ковид-19.

Кинескиот извоз расте од ноември, по шест последователни месеци пад. Сепак, загриженоста за глобалната економска перспектива поради тврдоглавата инфлација и зголемените каматни стапки продолжуваат да ја намалуваат побарувачката за кинески стоки.

Министерот за трговија Ванг Вентао го потврди закрепнувањето на извозот, истакнувајќи дека „вкупниот тренд е нагорен“, но предупреди дека најверојатно ќе има пад во март. Трговските перформанси на Кина, исто така, беа нарушени во последниве години со засилени геополитички тензии со Вашингтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски ги покани Бајден и Си на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги покани…

Маск е против американските такси за кинеските…

Извршниот директор и сопственик на „Тесла“ Илон…

Кина започна дводневни воени вежби околу Тајван

Кина започна дводневни воени вежби околу Тајван,…

Се намалува кредитирањето во долари во светот,…

Статистичкиот извештај на Банката за меѓународни порамнувања…

Кина го честиташе изборот на Гордана Силјановска…

Претседателот на НР Кина Си Џинпинг упати честитка до…