Висок раст на кинескиот извоз во јануари и февруари
Кинескиот извоз нагло се забрза во првите два месеци од тековната година, покажаа официјалните податоци во четвртокот.
Извозот долго време служеше како клучен двигател на економскиот раст на земјата, обезбедувајќи огромни вработувања во производствениот сектор. Во јануари и февруари заедно извозот е зголемен за 7,1 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Генералната управа на царината, пренесува Франс прес.
Прогнозите на аналитичарите беа значително пониски, околу 1,9 отсто во истражувањето на Блумберг. Огромниот раст на извозот делумно се припишува на ниската основа во јануари и февруари минатата година, кога Кина ги укина мерките за нулта толеранција против Ковид-19.
Кинескиот извоз расте од ноември, по шест последователни месеци пад. Сепак, загриженоста за глобалната економска перспектива поради тврдоглавата инфлација и зголемените каматни стапки продолжуваат да ја намалуваат побарувачката за кинески стоки.
Министерот за трговија Ванг Вентао го потврди закрепнувањето на извозот, истакнувајќи дека „вкупниот тренд е нагорен“, но предупреди дека најверојатно ќе има пад во март. Трговските перформанси на Кина, исто така, беа нарушени во последниве години со засилени геополитички тензии со Вашингтон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
ВЛЕН: Платите растат како резултат на новите…
Подобрувањето на животниот стандард е во центарот…
Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…
Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…
Новата портпаролка на Трамп: Кина нема ни…
Портпаролката на Белата куќа, Кејти Захарија, која…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…