ВКЛУЧИ – ИСКЛУЧИ: Пак е исклучена ТЕЦ Осломеј, каде пред неколку дена имаше пожар, а сега поради тресење на вентилацијата
АД ЕСМ денеска соопшти дека термоелектраната Осломеј од превентивни причини е исклучена од работен режим по забележана појава на вибрации во системот во делот на вентилацијата, кој минатата недела беше зафатен со пожар при самозапалување на јаглен.
– Се вршат повторни проверки од страна на надворешната овластена фирма и се очекува набрзо пречката да биде отстранета и термоцентралата да биде вратена на мрежа. Нема да има недостиг на електрична енергија во производството на АД ЕСМ, бидејќи капацитетите работат според планот и се компензира секое отстапување на одреден капацитет, информираат од АД ЕСМ.
Во изминатото деноноќие произведени се 17.454MWh електрична енергија, што, според АД ЕСМ, ги надминува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
ТЕЦ Осломеј во последните денови од минатиот месец беше исклучена од системот поради пожар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кочанец приведен откако физички го нападнал својот…
Полициски службеници од ОВР Кочани на 20…
Демографската криза во Македонија се продлабочува, во…
Најмногу деца родени во Скопје, ниту едно…
Макрон: Со Трамп имавме многу конструктивен разговор…
Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека имал…
ЗАЛИВСКИТЕ ДРЖАВИ БАРААТ НОВ ДОГОВОР СО ИРАН
По повеќемесечната војна и серијата напади низ…
„Јас лично отепав седум стаорци“, вели жител…
Главниот град преполн со стаорци. Изминативе денови…