Владата бара алтернатива на рускиот природен гас: Веќе има една опција

t

Во случај Русија да ја прекине испораката на природен гас кон Европа, се бараат алтернативни начини за достава на овој енергенс преку Александропулос во Грција, велат владини извори.

Земјава целосно ги обезбедува потребите за природен гас од Русија, преку цевковод од Бугарија. На природен гас работат поголем дел од економските оператори во државава.

Европа исто така разгледува можности доколку Русија го прекине снабдувањето со гас како одговор на санкциите на ЕУ кон Москва, бидејќи околу 40 проценти од природниот гас во Европа се увезува од Русија. Особено погодена ќе биде Германија, бидејќи над половина од потрошувачката на природен гас од земјава доаѓа од руските испораки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов: Оптимист сум дека ќе составиме Влада

Од сè што создаде "Продолжуваме со промената",…

Расте цената на нафтата, се намалува цената…

Природниот гас во Европа утрово падна за…

Се “заглавуваме” за нови 250 милиони евра:…

Владата донесе одлука за издавање на хартии…

Партиите тврдат: Владејачкото мнозинство и Владата се…

Партиите од владејачкото мнозинство тврдат дека нема…

Ограничени маржи на основните продукти: Народот нека…

Владата ни препорачува да готвиме во помали…