Мицкоски: Владата е најстабилна во овој дел на Европа и пошироко
„Владата се избира со мнозинство од 61 пратеник во парламентот. Ние имаме мнозинство кое е многу повеќе од 61 пратеник, така што Владата е стабилна, односно најстабилна во овој дел на Европа, можеби и пошироко. Продолжуваме да го испорачуваме за граѓаните она коешто е важно, еве, како овој објект и друг тип политики“, рече премиерот прашан дали е загрозена владината стабилност, со оглед на тоа што Максим Димитриевски најави дека ЗНАМ ќе ја напушти Владата ако не се договорат за полагањето на правосудниот испит.
„Да, точно, разговаравме за коалициска лидерска средба и рековме дека во рамките на декември ќе организираме таква коалициска лидерска средба“,изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по пуштање во употреба на градинка во Инџиково.
На прашањето дали е загрозена владината стабилност, со оглед на тоа што Максим Димитриевски најави дека ЗНАМ ќе ја напушти Владата ако не се постигне договор за полагањето на правосудниот испит и се дозволи тој да се полага на друг јазик освен на македонскиот, премиерот рече:
„Владата се избира со мнозинство од 61 пратеник во парламентот. Ние имаме мнозинство кое е многу повеќе од 61 пратеник, така што Владата е стабилна, односно најстабилна во овој дел на Европа, можеби и пошироко. Продолжуваме да го испорачуваме за граѓаните она коешто е важно, еве како овој објект и друг тип политики.“
Мицкоски потврди дека разговарал со Димитриевски, а за ставовите на лидерот на ЗНАМ за полагањето на правосудниот испит, како што кажа, треба да се праша лично тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Владата е најстабилна во овој дел…
„Владата се избира со мнозинство од 61…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…