Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија
Владата најостро го осудува вандалскиот и недозволив чин на опожарување на возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава, велат преку соопштение од владата на Република Македонија.
Надлежните институции веќе преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите. Како Влада сакаме да испратиме јасна порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран.
Државата има капацитет и ќе одговори со целосна сила на институциите и нема да дозволиме поединци да ја нарушуваат репутацијата на Македонија.
Очекуваме брза и ефикасна истрага, целосно расветлување на настанот и соодветна кривична одговорност за сторителите.
Владата останува цврсто посветена на заштитата на сите граѓани и дипломатски мисии во земјата и на зачувувањето на стабилноста, безбедноста и добрососедските односи, се вели во соопштението на владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата најостро го осудува вандалскиот чин на…
Владата најостро го осудува вандалскиот и недозволив…
Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на…
ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни на стадионот во…
Мицкоски: Владата со поддршка за приватниот сектор,…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска присуствуше…
Бугарија планира инвестиции од 19 милијарди евра…
Бугарија ќе инвестира над 19 милијарди евра…
Сиљановска: Не можеме да ја ревидираме историјата…
Мојата перцепција за Европа, за членство, не…