Мицкоски: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска присуствуше на пуштање во употреба на Дом за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден.
-Денеска сме овде да го одбележиме отворањето на овој прекрасен објект, приватна инвестиција целосно. Наша цел и задача како Влада е да поддржуваме приватни иницијативи, посебно кога тие иницијативи имаат цел да го олеснат животот, да бидат додадена вредност и да го зголемат квалитетот на животот на нашите сограѓани, така што ние како Влада апсолутно поддржуваме ваков претприемачки дух, рече Мицкоски.
Премиерот му честиташе на инвеститорот и на сопственикот на овој објект и на луѓето коишто ќе ги користат услугите на овој објект.
-Навистина претставува храброст пред сè да се влезе во една ваква инвестиција, за мене луѓето коишто влегуваат во вакви инвестиции се во суштина најголемите патриоти коишто обезбедуваат едно работно место повеќе, коишто се грижат да обезбедат плата повеќе во месецот, така што ние како Влада секогаш ќе бидеме на страната на бизнисот коишто секогаш се труди да направи повеќе. Колку е поуспешен бизнисот толку е и државата поуспешна, тоа јас сум го кажал многупати, а колку е државата пак поуспешна тогаш и бизнисот е повреден, тоа е отприлика како двонасочна улица, така што за мене претставува чест и благодарност до сопственикот на објектот, овде за денеска што ме покани да свечено го отвориме овој објект, истакна Мицкоски.
Премиерот се заблагодари и на градоначалникот на Општина Илинден којшто како институција застана целосно позади реализацијата на оваа инвестиција и се разбира посака уште многу инвестиции да се множат во периодот којшто следи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…
Владата излезе со јасен став во врска…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…
Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…
Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…
Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…