Владата очекува автопатот Охрид-Кичево да биде завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година

t

Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година, најави министерot за транспорт, Александар Николоски.

Според Николоски, проектот бил оставен во целосен застој, а Владата затекнала состојба без ниту еден метар асфалт и со сериозни проблеми во реализацијата и финансирањето.

„Ако тргнувате од Кичево, тогаш на крајот на оваа година или почетокот на следната година, автопатот ќе биде завршен. Кога бевме изгласани како Влада имаше нула метри асфалт“, рече Николоски во гостување во „Ноќно студио“.

Активната работа на терен, додаде тој, почнала дури од октомври 2024 година.

Николоски посочи дека за година и половина се реализирани повеќе активности отколку во целиот претходен период.

Тој потенцира дека Владата се соочила со сериозни проблеми со финансирањето од страна на „Екисм Банка.

„Реков дека за проблемите ќе зборувам кога ќе го завршиме, но морам да споменам еден проблем со кој што се соочивме, а тоа е дека имавме класична опструкција од финансиерот на проектот. Имено, овој проект кога е договаран, е договорен да се финансира со кредит од кинеската „Ексим Банка“. Имајќи предвид дека ние ги зголемивме активностите, побаравме оваа банка да ослободи 175 милиони евра и бевме одбиени. Најдоа образложение преку допис од претходната влада, дека не се потребни дополнителни средства. Точно, затоа што тогаш не се работело и не биле потребни. Затоа, заедно со премиерот и министерката за финансии, ние веќе имавме сработено сценарио, а тоа е финансирањето да го обезбедат домашните комерцијални банки. Така што ова беше еден голем удар за проектот, но не дозволивме да се почувствува во реализацијата“, вели Николоски.

Во врска на цената, тој рече дека проценетата вредност изнесува 13,5 милиони евра по километар, што според него, сè уште го прави најевтиниот автопат што моментно се гради во Македонија и во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата очекува автопатот Охрид-Кичево да биде завршен…

Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите…

Три автомобили се судриле на патот Охрид-Кичево,…

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…

Одрон на автопатот Скопје – Велес, сообраќајот…

На автопатот Скопје – Велес, по патарината…

Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…