Одрон на автопатот Скопје – Велес, сообраќајот по една лента

t

На автопатот Скопје – Велес, по патарината Сопот, пред тунелите на Башино село, поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента.  АМСМ информира дека во меѓувреме на истото место се случиле две сообраќајни несреќи со материјална штета.  Повредени нема, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На терен е испратена служба од ПС за БПС Велес.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје е нормализиран на…

Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје е нормализиран и…

(Фото) Се запали автобус на автопатот Велес-Скопје

Автобус со прилепски регистарски ознаки се запалил…

Владата очекува автопатот Охрид-Кичево да биде завршен…

Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите…

Забрани за тешки возила кон Стража и…

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се…

Одрон на патот Кичево-Гостивар, кон Попова Шапка…

На патниот правец Кичево – Гостивар поради…