Влада: Акцијата против осомничениот за поткуп е дел од заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата
По информацијата дека е уапсен шоферот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, поради сомнеж за примање мито, се огласија и од Владата.
-Ве известуваме дека лицето со иницијали Д.Ц е уапсено за примање поткуп, на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода. Првичната пријава за незаконскиот поткуп потекнува и е на иницијатива на институциите на кои им било пријавено барањето за поткуп.
На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани.
Истото лице во моментот на незаконското делување работело и остварувало задачи како возач за потребите на Генералниот секретаријат на Владата, откако претходно заосновало работен однос по примерот на сите останати институции во Службата за општи и заеднички работи на Владата.
Оваа акција беше спроведена претходно во соработка со службите на МВР, при што беа дадени бележани пари и целата акција е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата. Со овој случај се покажува дека законите важат за сите, се докажува волјата и целта на Владата да се бори против корупцијата. Со ова се подвлекува јасна граница помеѓу оние кои сакаат злоупотреби, и сите други кои се борат против нив. Ова е уште еден пример како преку заедничка соработка на органите и институциите може да се спроведе правда, велат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Влада: Акцијата против осомничениот за поткуп е…
По информацијата дека е уапсен шоферот на…
Како успеал да стане од маса: Лишено…
На 6 септември 2026 година, во 00:30…
Џоко никогаш нема да биде заборавен: Откриена…
Во Струмица вчеравечер беше откриена биста на…
(Видео) Хеликоптер што гаснеше пожар го „избања“…
Додека директорот на Дирекцијата за заштита и…
Ирак негира банкрот: Преземени се само превентивни…
Централната банка на Ирак денеска негираше банкрот…