Владиката Петар: Се виде дека барањата на Цариград не се канонски, туку политички

t

И за владиката Петар се неприфатливи трите барања на Вселенската патријаршија поставува за да ѝ доделат томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Се потврдило дека прашањето не било црковно, туку политичко, смета Митрополит Преспанско-пелагониски.

– Се виде дека нема никакви проблеми со каноничноста, туку исклучиво од нас се бара да се откажеме од нашиот идентитет, вели владиката во изјава што денес ја пренесе Сител.

Претходно ова го откри Архиепискот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Прашан што конкретно бара Вселенската патријаршија, тој посочи дека биле поставени неприфатливи услови – откажување од името Македонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на Православната црква на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…

Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…

(Видео) Владиката Петар низ солзи и на…

Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски…

На денешен ден во 1986 година загина…

На денешен ден, 15 јуни, во 1986…

Струмичкиот митрополит Наум: Вселенската патријаршија не бара…

Струмичкиот митрополит Наум, во интервју за порталот…

Владиката Петар: Се виде дека барањата на…

И за владиката Петар се неприфатливи трите…