Власта молчи за водата во Гостивар, параметрите од анализите мора да бидат објавени јавно – рече Филипче
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на Гостивар ја обвини власта за загрозување на основните човекови права – на здравје, здрава почва и чиста вода. Тој кажа оти нивната посета на Гостивар нема за цел да го политизира прашањето, како што ВМРО-ДПМНЕ се обиделе да го претстави, туку за директно да им помогне на социјално загрозените семејства и пензионерите со пакети помош, хуманитарна активност која најави дека ќе продолжи и во следните денови.
Филипче прашува зошто Центарот за јавно здравје не го испитувал квалитетот на водата секојдневно и зошто здравствените власти не реагирале веднаш кога се случил првиот наплив на пациенти во болницата. Според него, навремена епидемиолошка анализа на симптомите можела многу порано да ја детектира причината и да ја спречи ескалацијата на состојбата.
„Во периодот денес и во следните денови, кој сега ја менаџира состојбата кога нема директор на ЈП? Како сега функционираат рестораните, со каква вода се мијат чинии, прибор за јадење? Со каква вода се користат рестораните во кои има масовни собири, а тоа се свадби, многу атрактивни во овој период. Гледаме дека е забранета водата за користење, има некоја препорака да се користи техничка вода… која е таа техничка вода? Од каде рестораните ја носат, од каде граѓаните ја користат и носат, кој ја проверил таа вода?“, прашува Филипче.
Доколку продолжи користењето на неисправна вода, Филипче предупреди на сериозна опасност од труење со храна и појава на нови епидемии како хепатит А, позната како болест на нечисти раце, и рече оти премиерот и министерот за здравство не смеат повеќе да молчат и побара итно објавување на сите параметри за квалитетот на водата по денови.
„Тоа не ја загрозува истрагата, како што сакаат да се оправдаат, граѓаните мора да знаат, затоа што човеково право е вистински, навремен до пристап до јавна информација бидејќи граѓаните мора да знаат, оставени во таков систем оставен и менаџиран од страна на мала група на луѓе околу Мицкоски, граѓаните се оставени сами на себе да се соочат со последиците од тој страшен систем“, заклучи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Власта молчи за водата во Гостивар, параметрите…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната…
САД воведуваат нови 50-процентни царини за дел…
Белата куќа објави воведување нови царини од…
(Фото) Тројцата осомничени за загадувањето на водата…
Тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на…
Скопје доби седми авион на „Виз ер“,…
Воведувањето на седмиот авион на „Виз ер“…
Хронична дијареја, намален имунитет, отпорност на антибиотици…
Не престанува загриженоста за здравјето на гостиварци…