Скопје доби седми авион на „Виз ер“, Владата очекува дополнителен раст на авиосообраќајот
Воведувањето на седмиот авион на „Виз ер“ во базата на Меѓународниот аеродром Скопје претставува значаен чекор во развојот на авиосообраќајот во Македонија, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на промоцијата на новиот авион.
Тој истакна дека скопската база на „Виз ер“ е трета по големина во мрежата на компанијата и изрази очекување дека во иднина ќе се искачи уште повисоко според бројот на авиони.
„Ова е големо достигнување, со кое не можат да се пофалат ниту многу национални авиокомпании. Затоа често велам дека „Виз ер“ практично стана национален авиопревозник на Македонија. Тоа го потврдуваат и бројот на патници и бројот на дестинации“, рече Николоски.
Тој посочи дека компанијата минатата година превезла околу 1,7 милиони патници, додека само во првите шест месеци од оваа година превезла 1,2 милиони. Според него, на двата македонски аеродроми – во Скопје и Охрид – во првата половина од годината се евидентирани повеќе од два милиони патници.
Николоски оцени дека доколку продолжи сегашниот тренд, целта од четири милиони патници годишно, која до пред неколку години изгледала недостижна, би можела да стане реалност.
Тој потсети дека оваа недела се воведени нови авиолинии до Алгеро на Сардинија и Палермо на Сицилија, а најави и нови летови од Вроцлав и Катовице до Охрид.
Министерот нагласи дека Владата ќе продолжи да соработува со „ТАВ Македонија“ и „Виз ер“ со цел натамошно проширување на авиомрежата и зголемување на бројот на патници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…