ВЛЕН: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ
Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ, велат од ВЛЕН.
„Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја. Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ. Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ“, велат од ВЛЕН.
Но, додаваат од таму, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ?
„Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел? Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел. Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат. Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните“, велат од ВЛЕН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Артан Груби е пред правдата, а…
Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво…
ЈП „Водовод и канализација“ уверува: Скопската вода…
Водата за пиење во Скопје е безбедна…
Зеленски: Украина никогаш не учествувала во акција…
Украина никогаш не учествувала во операција поврзана…
18-годишна кумановка полово нападната додека одела по…
Пред четири дена, среде ноќ, млада девојка…
СПМ до Јотова: „Македонија има своја историја,…
Со најостро несогласување ја отфрламе изјавата на…