Зеленски: Украина никогаш не учествувала во акција за саботажа на „Северен поток 2“
Украина никогаш не учествувала во операција поврзана со саботажата на гасоводот „Северен поток 2“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски тоа го изјави во Киев на средбата на врвот на Украина и Северно-балтичката осумка, во која членуваат Финска, Шведска, Норвешка, Данска, Исланд, Литванија, Латвија и Естонија.
„Украина никогаш официјално не учествувала во каква било операција поврзана со разнесувањето на „Северен поток 2““, рече Зеленски, додавајќи дека Украина не стоела ниту зад планирањето, ниту зад извршувањето на акцијата.
Тој нагласи дека за случајот се води истрага и оти Украина е подготвена да соработува со германските и со другите странски власти во утврдувањето на сите околности.
„За нас е многу важно да не го изгубиме партнерството и довербата на европските земји кои и помагаат на Украина од почетокот на оваа војна“, рече Зеленски, додавајќи дека украинското обвинителство и Министерството за надворешни работи се отворени за соработка со странските партнери.
Изјавата следува откако германското Федерално обвинителство минатата недела соопшти дека во Хрватска бил уапсен уште еден украински државјанин, означен како Владимир З., по европска потерница издадена од германските власти. Тој е осомничен дека бил дел од група што во септември 2022 година поставила експлозив на гасоводите „Северен поток 1“ и „Северен поток 2“ во Балтичкото Море.
Германските власти претходно обвинија и украински државјанин, Сергиј К., дека бил организатор на операцијата. Тој ги негира обвинувањата.
Експлозиите на 26 септември 2022 година предизвикаа сериозно оштетување на гасоводите „Северен поток“, што ги поврзуваат Русија и Германија. Истрагата за одговорноста за саботажата се уште е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…