ВЛЕН ќе добие прв вице-премиер, шест министри, седум заменици и 400 ДИРЕКТОРИ на институции

t

Околу 400 директори, прв вице-премиер, шест министри и седум заменици на миистри ќе добие коалицијата ВЛЕН како дел од владиниот колач, откри Висар Ганиу, еден од преговарачкиот тим на коалицијата Вреди, кој денеска изјави дека се задоволни од досегашниот тек на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ, дека преговорите за формирање влада е договорен во добра работна атмосфера.

Деталите за кадровските поделби преговарачкиот тим ќе ги соопшти на заедничка конференција за медиумите, најави Ганиу.

Според него, коалицијата Вреди ќе има шест министри – министер за европски прашања (СЕП станува министерство), за екологија (кој ќе биде и прв вицепремиер), за здравство, економија и труд, социјална политика, демографија и млади. Вреди ќе предложи и 7 заменици – министри  во министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за образование, за транспорт, етнички заедници, земјоделство и за надворешни работи. Оваа коалиција ќе има и државни секретари во ресорите со кои раководи Вреди и околу 400 директори и раководители на институции, вели Ганиу.

Христијан Мицкоски денеска го доби мандатот за формирање на новата влада од претседателката Сиљановска Давкова, со што почна да тече рокот од 20 дена во кои Мицкоски треба да состави Влада и да ги претстави персоналните решенија и програмата за работа на Владата во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

Јакуп Хусеини е кандидат на ВЛЕН за…

Партијата Вреди денеска објави дека нејзин кандидат…

ВЛЕН: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот…

Седум години по трагедијата кај Ласкарци, семејствата…

ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…