ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ, доколку во Собранието има такво барање, да се оди на предвремени парламентарни избори. Подготвеноста решенијата да се бараат преку институциите и преку волјата на граѓаните е одговорност што треба да се поздрави – велат од ДУИ во соопштение, кое МИА го објавува интегрално.
ДУИ континуирано ја истакнува потребата од стабилна, функционална и легитимна влада, која ќе ја одразува политичката волја и легитимитетот на најголемите заедници во земјата. Институционалната стабилност и правичната застапеност се предуслови за справување со предизвиците со кои се соочува земјата.
Во таа насока, политичката подготвеност да им се врати на граѓаните правото на збор преку предвремени парламентарни избори, ДУИ ја оценува како сериозна и институционална можност, ставајќи го во преден план интересот на граѓаните, политичкиот легитимитет и долгорочната стабилност на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…
Венко Филипче, кој е познат како личност…
ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…
Во однос на поканата на Каракачанов до…
Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…