ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ и Филипче секоја нова инвестиција е повод за политички манипулации, наместо државниот го гледаат сопствениот интерес

t

Венко Филипче и СДС повторно се обидуваат да создадат паника околу новите инвестиции и технолошкиот развој на Македонија. Интересно е што истите оние кои денес предупредуваат за секоја можна опасност од дата центрите, во времето кога беа на власт промовираа сосема поинакви приоритети – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, коешто го објавуваме интегрално.

Кога СДС беше на власт, наместо Македонија да ја позиционира како центар за современи технологии и високотехнолошки инвестиции, во јавноста доминираше приказната за марихуаната и отворањето на тој сектор.

Денес, кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ разговара со сериозни потенцијални инвеститори за дата центри и дигитална инфраструктура, Филипче повторно бара причина за критика.

Разликата е очигледна.

ВМРО-ДПМНЕ разговара за дата центри, дигитализација, нови технологии и инвестиции. СДС повторно разговара за стравови, сомнежи и политички конструкции.

Очигледно е дека за СДС секоја нова инвестиција во Македонија е причина за политички аларм, затоа што тие се фокусирани само на сопствените интереси, наместо да се фокусираат на придобивките кои може да ги има државата од развојот на современа дигитална инфраструктура.

Но, Македонија мора да биде конкурентна и да ги следи современите технолошки трендови. Дата центрите се дел од дигиталната инфраструктура на современите економии и можат да донесат инвестиции, дополнителен развој на ИТ и технолошкиот сектор.

Целта на ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да биде земја во која се инвестира, се развива технологијата, се отвораат нови работни места и повеќе можности за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3000…

Почетокот на новата учебна година повторно отвори…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…

СДСМ: Под радарот течат матни зделки на…

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска –…

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…

Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно…

Талогот на СДС и Венко Филипче продолжуваат…