ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со Кина во критиките за изградба на дата-центри, против САД

t

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со критиките кон можната изградба на дата-центри во Македонија зазема позиции кои, според владејачката партија, се совпаѓаат со интересите на Кина во однос на развојот на вештачката интелигенција и високите технологии.

Од партијата велат дека СДС во изминатиот период шири, како што наведуваат, „хистерија, страв и паника“ околу можноста за изградба на центри за податоци, наместо да се фокусира на потенцијалните економски и технолошки придобивки од ваквите инвестиции.

Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ прави паралела со случувањата во САД, каде што, според партијата, во јавноста се појавуваат кампањи против изградбата на дата-центри. Од владејачката партија тврдат дека американски медиуми известувале за активности поврзани со кинески профили на социјалните мрежи, преку кои се обидувало да се влијае врз јавното мислење во САД.

Според ВМРО-ДПМНЕ, дел од аргументите што се користат во тие кампањи се слични со тезите што ги пласира СДС – дека дата-центрите и развојот на вештачката интелигенција можат да го оптоварат електроенергетскиот систем, да ги зголемат сметките за електрична енергија и да создадат корист за поединци на сметка на јавниот интерес.

„Прашањето е што ги тера СДС и кој е нивниот интерес да бидат на иста линија со Кина и да се стават во функција против Америка“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата смета дека изградбата на дата-центри може да претставува можност за привлекување странски директни инвестиции и за вклучување на Македонија во развојот на високите информатички технологии.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека развојот на вештачката интелигенција и информатичката технологија е дел од глобалните економски трендови и дека Македонија треба да го следи технолошкиот развој, со почитување на законските прописи и стандардите за заштита на животната средина, домашните ресурси и државните интереси.

Владејачката партија порача дека, како што оценува, обидите на СДС да го спречи развојот на дата-центрите нема да го запре технолошкиот развој на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…

СДСМ: Под радарот течат матни зделки на…

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска –…

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…

Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно…

Талогот на СДС и Венко Филипче продолжуваат…

„Цените се до плафон – мерки од…

„Цените во Македонија со месеци се до…