ВМРО-ДПМНЕ: Од пиунот Ковачевски, народот глава го боли, поскапеа струјата, парното, метанот, следи зголемена инфлација

Народот го боли глава од Ковачевски, пиунот на Заев и продолжувачот на заевизмот. Заевизмот и пиунот Ковачевски им го загорчија животот на граѓаните со поскапувањата кои ги испорачаа како новогодишна честитка, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Стандардот на граѓаните е на удар поради поскапувањето на електричната енергија за над 15%, ако се земе предвид дека покрај основното поскапување од 9,5% укината е и евтината дневна тарифа. Ова значи дека секое семејство ќе плати поскапа струја на крајот на годината исто како да плаќа две дополнителни сметки. Заевизмот само во рок од една и пол година поради неспособноста, криминалот и неодговорноста во енергетскиот сектор ја покачи струјата за 40%.
Дополнително за граѓаните на Скопје поскапи парното греење за 14,05%. Ова значи дека близу 60 илјади домаќинства ќе бидат на удар и дополнително осиромашени.
Капак на се е поскапувањето на ЦНГ метанот за неверојатни 120%, гориво кое патем се користи и од страна на ЈСП при што, директно ќе биде погоден буџетот на град Скопје.
Ваквите поскапувања дополнително ќе ја разгорат инфлацијата, која и така веќе го разјадува семејниот буџет на секој човек. Цените на производите и услугите и без овие нови покачувања се качија до плафон, а сега дополнително ќе растат. Но тоа не ги интересира милионерите од власта на заевизмот, кои јадат со златни лажици и уште без срам го уверуваат народот дека поскапувањата не се големи.
Ете ова е цената која ја плаќаат граѓаните заради криминалот на заевизмот.
Одговорност за ова мора да има, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија на 85-то место на светскиот индекс…
На меѓународниот индекс за перцепција на корупцијата…
Добро утро со Инфомакс: По патот на…
Во чест на големиот македонски револуционер, апостол…
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за поставување на…
ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за поставување на мерна…
Владеачко-политички консензус за милијарда евра од Клинички…
Ќе добие ли некогаш Македонија нов Клинички…
(Видео) Бомба на Крмов: ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати…
Во вечерашното гостување, пратеникот на Левица –…