ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка, а сега не сака да ја продолжи – од што се плаши Филипче?

t

„СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот. СДС и Филипче беа гласни за Алта банка, се до моментот кога се дозна во јавноста дека тие биле првите кои му продале акции на Мацура и на самата Алта банка. СДС и Венко Филипче се заплеткаа во сопствените лаги и потези за Алта Банка. Филипче и СДС молчат и не кажуваат зошто во 2023 година не излегоа на прес-конференција да ги известат граѓаните дека ќе ги продадат државните акции, на како што тие тврдат, криминалецот Мацура и неговиот сомнително стекнат капитал во Алта банка“ соопштија утринава од ВМРО-ДПМНЕ.

Прашуваат „Дали СДС и Венко Филипче се плашат дека во јавноста може да излезат дополнителни информации и токму поради тои и не го закажуваат продолжението на надзорната расправа“.

„После сите информации СДС и Филипче бегаат кога треба да се соочат со фактите. Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа. Разоткриен е вистинскиот мотив зад долго месечната кампања на СДС и Филипче против Алта банка. Додека во јавноста се обидуваа да наметнат приказна за таканаречен српски свет, во позадина стои политичка хајка во која се кријат бизнис мотиви на лица блиски до СДС Филипче и кланот Заеви“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта…

„СДС ја побара надзорната расправа за Алта…

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото лешинарство има име Венко Филипче,…

Денес СДС најави протест во Охрид каде…

Застануваме зад Сара и нејзиното семејство, одлуката…

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го…

Повеќе од 30 членови на СДСМ од…

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…

ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…