ВМРО-ДПМНЕ очекува нова влада до средина на јуни

t

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски кој беше носител во ИЕ5, денес ги подигна мандатите на пратениците од неговата партија и нивните уверенија.

Тој во изјава за медиумите истакна дека очекува до 28-ти мај да се формира новото Собрание, а до средината на јуни да се формира и новата Влада.

-Сакам да изразам огромна благодарност до граѓаните на Македонија, за поддршката што ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и за големата одговорност сакам да посочам дека ова е голема одговорност за нас како пратеничка група, како ВМРО-ДПМНЕ. Но, сакам да укажам дека ќе ја оправдаме оваа нивна дадена одговорност.

Но меѓутоа сакам исто да кажам дека во периодот што следи ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе се насочиме кон борба против криминалот, корупцијата и ќе се насочиме кон подобро образование, здравство и ќе дадеме надеж дека тука може да се живее, работи подобро од она што беше до сега. И за брзо граѓаните на државата ќе го увидат тоа, рече Сајкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрин Ахмети го демантира Лефков: Ги извршиме…

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ,…

Јанушев од пред четири години: Владата ќе…

Владата ќе троши 20 милиони денари за…

Меџити повторно пуши во Влада: Никој не…

Вицепремиерот Изет Меџити повторно неуспешно се обидува…

(Видео) Мециновиќ до ДПМНЕ и ЗНАМ: Вие…

Реплика на пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ,…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…