Внимавајте ако патувате: Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради маглата на неколку патни правци низ државата е намалена видливоста.
Како што попладнево соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“ намалена видливост од 100 до 150 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Неготино – Демир Капија – Удово, Скопје – Велес и Велес – Скопје, од 50 до 60 метри на патните правци Штип – Радовиш – Струмица, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Кочани – Виница и Велес – Штип и до 100метри на патниот правец Свети Николе – Куманово и на планинскиот превој Плетвар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Од „Македонија пат“ информираат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Оттаму посочуваат дека дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. За сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурниот телефон 02 25 61 502.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска за истрагата на УГД Штип: Секогаш…
Секогаш ќе има поединци што ќе го…
(Видео) Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен…
Македонија се позиционира како значаен енергетски и…
Трагедија во Богданци: Пронајден мртов 21-годишник покрај…
На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од…
Министерот Тошковски за случајот со Михаилова: Истрагата…
Три недели по откако Ива Михаилова замина…
„Канал 14“: Во Израел очекуваат Трамп да…
Во Израел проценуваат дека американскиот претседател Доналд…