Внимавајте: Организирана криминална банда врши кражби во скопско „Црниче“ – буквално во дворот на МВР

На само неколку метри од министерството за внатрешни работи се наоѓа скопската населба Црниче.
Населбата која важи за едно од најспокојните и најбезбедните наслеби во главниот град сега е на мета на организирана криминална банда која ја загрозува безбедноста во населбата.
За помалку од една недела во населбата се веќе регистрирани три случаи на кражба, а граѓаните се загрижени за својот имот и безбедност.
Она што е карактеристично за овие кражби е фактот што истите се случуваат среде бел ден, а крадците внимателно го следат движењето на нивните жртви, па кражбите ги прават додека нема никој во домовите.
Граѓаните се гневни и обвинуваат дека полицијата не прави ништо за да го реши нивниот проблем иако кражбите се случуваат буквално во дворот на министерството за внатрешни работи.
За иронијата да е поголема покрај тоа што министерството е на неколку метри од почетокот на населбата, голем број полициски функционери поради близината до МВР одбрале да живеат во Црниче, а поради недостаток на паркинг места голем број полицајци своите автомобили ги паркираат токму во населба Црниче.
Сепак веќе неколку недели МВР не може да го реши овој случај, а последната кражба се случи пред неколку часа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цариниците пронашле мигрантка која се криела под…
Царинските службеници спречиле обид мигрантка илегално да…
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…
Пренос на моштите на Свети Никифор, патријарх…
(Видео) Брутални демонстрации во Франција: Граѓани фрлаат…
Десетици луѓе се повредени во немирите што…
Загина тракторист – oва се деталите
Жител на селото Сачево на 69-годишна возраст…
(Видео) Велиновска “го уби” Мицкоски: Не би…
Ниедна партија нема да опстои од постојниве…