ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Куче скитник нападна четиригодишно девојче во Битола

t

Четиригодишно девојче вчера вечер било нападнато од куче, по што веднаш реагирале надлежните служби. Според информациите на локалните медиуми, станува збор за бездомно куче, без познат сопственик.

За повреденото девојче на Фејсбук помош побара вујкото на девојчето Сафет Бајрамов.

„Ве молам за помош, ако некој го знае бројот на шинтерската служба Битола, денес во дворот влезе куче скитник и ми го нападна внучето, 4 годишно“ напиша на Фејсбук Бајрамов.

Од Прифатилиштето „Хачико“ коешто работи во рамки на Јавното претпријатие „Комуналец“ информираат дека по добиената пријава за каснување, шинтерската служба веднаш излеглае на терен и кучето е заловено во напуштен објект во близина на местото на настанот.

 „Станува збор за куче-мешавина од кангал, односно напуштено сопственичко куче за кое сопственикот не е познат. Кучето е транспортирано во прифатилиште, каде ќе биде ставено под ветеринарен надзор и опсервација согласно предвидените процедури. Случајот е пријавен во АХВ и МВР, а надлежните институции ќе постапуваат согласно законските надлежности“ информираат од „Хачико“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Куче скитник нападна четиригодишно девојче…

Четиригодишно девојче вчера вечер било нападнато од…

Пронајдена дрога во Битола, кривична пријава за…

Криминалистичката полиција при СВР Битола, до Основното…

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка…

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка…

Караман официјално признаен како автентична македонска раса!

Македонската кинологија доби нов повод за гордост…

Битола испрати помош за поплавените региони во…

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше…