Битола испрати помош за поплавените региони во Кичево

t

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека по остварените контакти со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски, и во координација со командирите на противпожарните единици од Битола и Кичево, обезбедена е помош за поплавените региони во Општина Кичево.

Од Територијалната противпожарна единица на Битола се испратени четворица пожарникари со едно возило, опремени со три потопни пумпи, една моторна пумпа за испумпување вода, црева, агрегат за струја и дополнителна неопходна опрема.

Коњановски истакна дека Општина Битола стои на располагање за дополнителна поддршка доколку е потребна, изразувајќи надеж дека состојбата во поплавените подрачја во Кичево ќе биде што поскоро нормализирана.

Тој нагласи дека солидарноста и меѓуопштинската соработка се клучни во вакви ситуации, со цел побрзо надминување на последиците од елементарните непогоди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…

Тешка сообраќајна несреќа кај Битола: Четири возила…

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на…

(Видео) Битола „на вода“ по вечерашното невреме

Силно невреме со обилен дожд вечерва ја…

Во битолското земјоделско училиште се запишале само…

Министерката за образование и наука Весна Јаневска…