Караман официјално признаен како автентична македонска раса!
Македонската кинологија доби нов повод за гордост – расата куче караман официјално е признаена како автентична македонска раса, објави Кинолошки сојуз на Македонија, повикувајќи се на одлуката на Меѓународната кинолошка федерација.
Одлуката е донесена по детална евалуација на генетските карактеристики, стандардите и историските извори кои покажуваат дека караман со векови е присутен на македонската територија.
Оваа раса е позната по својата издржливост, интелигенција и силно развиен заштитнички инстинкт. Традиционално се користело како чувар на стада и домови, особено во руралните и планинските подрачја. Стручната јавност оцени дека признавањето на караман е значаен чекор за македонската кинологија, но и за зачувување на националното културно и биолошко наследство.
Со официјалниот статус се отвораат можности за понатамошна промоција на расата, учество на меѓународни изложби и системска заштита од неконтролирано вкрстување, објави 4news.mk На тој начин, караман добива заслужено место како симбол на македонската традиција и пастирска култура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Година и пол…
Јасин Мустафа, дете од година и пол,…
Приведен 72-годишник: Со пушка убил куче среде…
На 03.07.2026 во 10:30 часот во Радовиш,…
АХВ тврди: Не е волк, се работи…
Откако во јавноста се појавија информации дека…
Караман официјално признаен како автентична македонска раса!
Македонската кинологија доби нов повод за гордост…
Македонскиот „Караман“ на чекор до светска афирмација
Генералниот комитет на светска федерација на кинолошки…