Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар поради зголемена појава на глодачи

t

По зголемена појава на глодачи на неколку локации во централното подрачје на Скопје, денеска и утре се врши вонредна дератизација. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека во акцијата ќе бидат опфатени локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале.

„По пријавите од граѓаните за зголемена појава на глодачи, веднаш реагираме на терен. Ќе ја следиме состојбата и во наредните денови и, доколку има потреба, ќе реагираме и на други локации. Ги повикувам граѓаните да продолжат да ни пријавуваат каде што има проблем, за да можеме навреме да постапиме“,порача Герасимовски во објава на Фејсбук.

Дератизацијата се спроведува на повеќе локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале, вклучително околу контејнери, шахти, кај пазарчето во Буњаковец, на потегот од основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ до Амбасадата на Грција, како и кај бараките на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и во близина на објектите на Институтот за спортска медицина и Царинската управа кај Кале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…

По зголемена појава на глодачи на неколку…

Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во…

И оваа учебна година Општина Центар продолжува…

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…

За паркинг на второ возило во Центар…

Во услови кога бројот на возила во…

Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава…

Општина Центар ја заврши првата фаза од…