Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во Центар
И оваа учебна година Општина Центар продолжува со мерката за бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте основни училишта во Општина Центар.
Секој ученик, како што информираат, ќе добие комплет од пет памучни парчиња – две маици со јака, две маици со долги ракави и дуксер со патент.
Училиштето е место каде што децата треба да се разликуваат по знаењето, трудот и успехот, а не по тоа кој што носи и колку неговите родители можат да си дозволат. Со униформите ги намалуваме социјалните разлики и создаваме чувство на еднаквост и припадност кај сите ученици – информира градоначалникот Горан Герасимовски.
Покрај униформите за сите ученици, Општината и годинава обезбеди бесплатно ранче за секое прваче кое од септември ќе седне во училишната клупа во училиштата во Центар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
52-годишна жена запалила тревна површина со дрвја,…
51-годишна скопјанка била лишена од слобода под…
Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…
По зголемена појава на глодачи на неколку…
Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во…
И оваа учебна година Општина Центар продолжува…
Од септември бесплатни униформи за средношколците во…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше…
МВР ја откажале набавката на униформи од…
Министерството за внатрешни работи ќе ја прекине…