„Војската и полицијата не треба да ги обезбедуваат водоводните мрежи“: Тошковски не открива дали има нови осомничени за водата во Гостивар

t

Полицијата работи по насоки на Обвинителството во однос на водата во Гостивар, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој не сакаше да сподели детали, дали има нови осомничени во предметот.

„Долг временски период наназад, не се вложувало, ниту се инвестирало за решавање на проблемите на граѓаните. Лично сметам дека војската не треба да обезбедува водоводни системи, барем не во состојба на мир. Секоја институција која е надлежна да се грижи за водоводните системи во рамки на општините е должна да се грижи“, вели Тошковски.

Вели дека полициските службеници се на терен многу повеќе од претходно.

„Дали полициските службеници треба да ги обезбедуваат водоводните мрежи, не. Тоа си е надлежност на општините“, рече министерот.

И порача на опозицијата наместо да создава хистерии, да се фокусира на доброто на граѓаните.

„Граѓаните на вонредни или редовни избори ќе ги остават таму каде што се уште многу години ако вака продолжат. Еден добронамерен совет од мене до опозицијата“, рече Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Војската и полицијата не треба да ги…

Полицијата работи по насоки на Обвинителството во…

ЕУ интеграцијата во фокусот: Муцунски побара кредибилен…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но…

По повеќеркатни испитувања на водата во Гостивар,…

Ќе оди ли Подгорица по „македонскиот пат“:…

Додека Црна Гора настојува да ја оствари…

Хаос во струмичко: Натепале цело семејство, се…

СВР Струмица поднесе кривични пријави против шест…