ЕУ интеграцијата во фокусот: Муцунски побара кредибилен и предвидлив процес на проширување
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со државниот секретар за ЕУ во Министерството за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија, Фернандо Мариано Сампедро Маркос.
Во фокусот на разговорите биле европската интеграција на Македонија и актуелните состојби во процесот на проширување на Европската Унија.
Муцунски изрази благодарност за, како што посочи, доследната и принципиелна поддршка од Шпанија за европската перспектива на земјата, како и за нејзината посветеност проширувањето да остане меѓу стратешките приоритети на Унијата.
„Процесот на пристапување мора да остане кредибилен, предвидлив, еднаков за сите и заснован на заслуги, со јасна крајна цел – полноправно членство во ЕУ“, истакна Муцунски.
Тој нагласи дека е важно продолжувањето на соработката со Шпанија во рамки на идните дискусии за политиката на проширување на Унијата, паралелно со унапредување на практичните форми на постепена интеграција.
На средбата, министерот го информирал соговорникот и за резултатите од спроведувањето на Реформската агенда, како и за посветеноста на Владата кон имплементација на европските вредности и стандарди на локално ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…