„Војската и полицијата не треба да ги обезбедуваат водоводните мрежи“: Тошковски не открива дали има нови осомничени за водата во Гостивар
Полицијата работи по насоки на Обвинителството во однос на водата во Гостивар, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој не сакаше да сподели детали, дали има нови осомничени во предметот.
„Долг временски период наназад, не се вложувало, ниту се инвестирало за решавање на проблемите на граѓаните. Лично сметам дека војската не треба да обезбедува водоводни системи, барем не во состојба на мир. Секоја институција која е надлежна да се грижи за водоводните системи во рамки на општините е должна да се грижи“, вели Тошковски.
Вели дека полициските службеници се на терен многу повеќе од претходно.
„Дали полициските службеници треба да ги обезбедуваат водоводните мрежи, не. Тоа си е надлежност на општините“, рече министерот.
И порача на опозицијата наместо да создава хистерии, да се фокусира на доброто на граѓаните.
„Граѓаните на вонредни или редовни избори ќе ги остават таму каде што се уште многу години ако вака продолжат. Еден добронамерен совет од мене до опозицијата“, рече Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓани снимиле камион како истура отпад кај…
Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако…
За да нема голем ценовен скок на…
Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…
Битолчанка физички нападната и психички малтретирана од…
На 10.11.2026 во 23:10 часот во СВР…
Вучиќ: Целосно би ги игнорирал претседателските избори
Поранешниот претседател и носител на листата на…
НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…
НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…