Објавено на:

Во Албанија почнаа активности за референдум за укинување на Законот за заштитени подрачја

t

Централна изборна комисија (ЦИК) на Албанија денеска го разгледа барањето на иницијативата група и усвои стандардниот образец за собирање 50 илјади потписи, потребни за понатамошно продолжување на иницијативата за укинување на измените на Законот за заштитени подрачја усвоени во 2024 година.

Иницијативната група ќе може да започне со собирање потписи од денот кога одлуката ќе стапи во сила и ќе го продолжи овој процес до 31 март. Во меѓувреме, врз основа на законот процесот на собирање ќе биде суспендиран во периодот од 1 до 31 декември.

По истекот на рокот, сите собрани потписи ќе бидат предмет на соодветни процедури за верификација, во целосна согласност со изборното законодавство.

Барање за одржување референдум за укинување на измените на Законот за заштитени подрачја, донесени 2024 година поднесоа група граѓани кои протести против изградба во заштитени подрачја организираат протести во Тирана речиси два и пол месеци (вечерва е 82. по ред).

Незадоволството ескалираше по најавите за изградба на луксузен ресорт во Зврнец и Сазан, каде и почнаа подготвителни активности, од страна на ќерката и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Претходно Џеред Кушнер и Иванка Трамп владата на Еди Рама ги прогласи за стратешки инвеститор.

Активностите се прекинати, но во континуитет Рама не се откажува од реализација на проектот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Албанија почнаа активности за референдум за…

Централна изборна комисија (ЦИК) на Албанија денеска…

Кривична против две лице и фирма: Незаконски…

Две лица и правно лице од струшко…

94 функционери казнети со по 300 евра…

Државната комисија за спречување на корупцијата на…

Португалија забрани носење бурка на јавни места,…

Португалија донесе закон со кој се забранува…

ВМРО-ДПМНЕ: Човекот кому му се запали модуларна…

Филипче се врати од Паљури, откако фатил…