Кривична против две лице и фирма: Незаконски копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга

t

Две лица и правно лице од струшко село Велешта се соочуваат со кривична пријава поради незаконска експлоатација на минерални суровини, која, според полицијата, довела до загадување на изворите од кои Струга се снабдува со вода за пиење.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.М. (50) и Н.К. (54), двајцата од Велешта, како и против правен субјект од истото село. Тие се сомничат за кривичните дела „узурпација на недвижности“, „незаконита експлоатација на минерални суровини“, „предизвикување опасност при градежни работи“ и „загадување вода за пиење“.

Според МВР, пријавените на повеќе катастарски парцели, меѓу кои и парцели во државна сопственост, вршеле незаконски ископ и експлоатација на минерални суровини без важечки договор за концесија.

Ископите биле изведувани во непосредна близина на изворите во струшкото село Шум, кои се користат за водоснабдување на Струга. Со активностите, како што наведува полицијата, дошло до директно загадување и заматување на водата за пиење, при што измерените вредности биле повеќе од 30 пати над дозволеното.

Поради загадувањето било предизвикано долготрајно прекинување на водоснабдувањето, а граѓаните биле предупредени да не ја користат водата ниту за пиење, ниту за лична хигиена и миење на рацете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…

Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…

Андоновски: Ниту еден дата-центар нема да има…

На денешната седница за пратенички прашања во…

Изречена казна за скопјанецот кој исфрли градежен…

Казнет е скопјанецот кој бил снимен како…

Облачно и постудено време со дожд –…

Под влијание на циклонска активност времето утре…