Во Белград уапсен Дарко Шариќ

Дарко Шариќ, еден од најбараните лица од Балканот, кому 12 години му се суди за трговија со дрога, денеска е уапсен за сосема нови кривични дела, а не за оние за кои веќе е обвинет.
Тој е приведен во просториите на Службата за борба против организиран криминал, а потоа треба да биде префрлен во Специјалниот суд.
ТВ Н1.рс објави дека во денешната полициска акција се приведени Дарко Шариќ и неговиот адвокат Дејан Лазаревиќ, кој е и адвокат на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ. Медиумите јавуваат дека е приведен и Урош Мишиќ и дека станува збор за сосема нови кривични дела, а не за оние за кои Шариќ веќе е обвинет.
Тој сега е осомничен за организирање криминална група одговорна за неколку убиства во Србија и Црна Гора, а наводно поседувал два сателитски телефони и апликација Скај.
Дарко Шариќ беше уапсен во 2014 година во заедничка акција на државните органи на Србија и Црна Гора и пренесен во Белград откако беше осомничен за шверц на 5,7 тони кокаин од Јужна Америка во Западна Европа во текот на 2008 и 2009 година.
За тоа дело Шариќ како организатор на групата е осуден на 15 години затвор.
Апелацискиот суд во Белград на крајот на минатата година му го укина притворот и му одреди куќен притвор со електронски надзор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови информации за состојбата на Папата Франциско…
Папата Франциско има респираторна инфекција и ќе…
Ќе се изненадите: Што треба да се…
Слабеењето никогаш не е лесен процес и…
Сенатот гласаше за укинување на правото на…
Сенатот денеска во двопартиска усогласеност гласаше за…
Доаѓаат Лазарова сабота, па Цветници: Што треба…
На 8 април е Лазарова сабота, еден…
По аферата со прислушкувањето од Грци им…
Им се должи едно големо извинување на…