(Во живо) Митовски: Да изгубам човек од фамилија, затоа што сакал Филипче да сокрие некои негови другарки, јас тоа да не го кажам не ми е сфатливо

t

Уредникот Александар Митовски, во денешното издание на Тешки муабети потсети на првата „жртва“ на ковид од Куманово, Ситуација, како што изјави тој, која имаше многу малверзации.

„Била на пат во Италија, неколку дена претходно, се вратила, и од таму потекнуваа првите заразени во Македонија. Началничката на брзата помош во Куманово и директорката која што беа на осмо-мартовско скијање и шопинг во Италија и Швајцарија и немаше никакви последици.“ – Вели Митовски за ковид истражувачка сторија.


„Па за да се сокрие тој срам, да сокријат тие личности, високо позиционирани во владеачката партија, ја нашле женава, која во истиот период се вратила во Македонија и имала корона, сите нејзини тестови се негативни и покрај негативноста на тестовите на нејзиното семејство, синот го праќаат во болница, на пулмологија и мене ми кажува синот, вели, јас го гледам Филипче, излегова на прес-конференција зa мајка ми и во истиот момент кажува дека и јас сум позитiвнa на корона, додека јаз лежам на пулмологија со негативен тест.“ – Додаде тој.

Митовски образлужува: „Жената во меѓувреме почина затоа што немаше лекови, нема здравство, нема соодветна нега и ја прогласуваат за прва жртва на ковид. Пост-мортем тестот за Ковид исто така е негативен но и покрај тоa прават ситуација, прават филм околу таа смрт, ја ставаат во лимен сандак иако нема корона и тие протоколи не се за на тој погреб. Ја закоппуваат женаат со двајца/тројца присутни, не го извесуваат синот, ниту таткот. Ова ми го кажаа двајцата.“

„Се договараме за следниот ден на камера да го кажат ова. Утре-дента, лугето беа исплашени до непрепознатливост. Веројатно некој кажал или не видел и скроз беше различен разговорот. Ми рекоа, те молам, ова ќе ни напраат, тоа ќе ни направат. Не ми беше јасно, јас не разбирам. Да изгубам човек од фамилија, затоа што сакал Филипче да сокрие некои негови другарки, јас тоа да не го кажам не ми е сватливо.“ – Заклучи Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Митовски го „избрка“ Таче од сопствената…

Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија…

(Видео) Аналогијата е случајна: Во помијата за…

Вистинска драма попладнево се случи на заедничката…

Митовски: Шекеринска не верува во актуелното раководство…

Радмила Шекеринска е единствената која излезе неизвалкана…

И Европјаните кренаа раце од нас: Со…

Со својата реторика Владата и власта и…

Ковачевски се плаши од средба со Мицкоски:…

На новиот претседател на СДСМ и мандатар,…